Декоративен малтер
Декоративен малтер на цементна и варова база – АБРИБ
Се користи како финален слој за декорација на внатрешна или надворешна површина. Достапен во три гранулации во зависност од максималната големина на зрното и тоа: 1,5 мм; 2,0 мм; 2,5 мм. Произведен е во структурна или не-структурна (фул) форма.
Лепило за стиропор
Лепило за стиропор на база на цемент и адитиви
Се употребува за поправка на груби површини малтерисани со основен малтер. Производот се употребува и како лепило за лепење на армирани мрежи, минерална волна и стиропор.
Мрежа за фасада
Фасадната мрежа за изолациски фасадни системи имаат се’ поширока примена во градежништвото денес. Се проиведуваат од стаклени влакна кои се оплеменети со алкално отпорна апритура. Најмногу се употребува за вградување како арматура во фасадни системи со изолација од ЕПС. Исто така може да се користи арматура за обложувања и санација на внатрешни или надворешни ѕидови. Фасадната мрежа во облик на ленти може да се лепи и на разни профили за заштитување на агли, на окпаници, лајсни како и на многу други профили.
Тип | Дебелина |
---|---|
Стиропор EPS | 1 cm |
Стиропор EPS | 2 cm |
Стиропор EPS | 3 cm |
Стиропор EPS | 5 cm |
Стиропор EPS | 6 cm |
Стиропор EPS | 8 cm |
Стиропор EPS | 10 cm |
Окапна лајсна
Лајсната за тераси е изработена од перфориран ПВЦ профил врз кој од обете страни по должината е залепена мрежа од стаклени влакна. Предвидена е да се користи на делови од фасадите каде треба да се спречи истекување под фасадните елементи, како на пример тераси и балкони.
Аголна лајсна со мрежа
ПВЦ аголна лајсна со мрежа – се користи за механичка заштита на агли од ѕидови, при што покажува голема отпорност на удари и оштетувања. Изработена е од перфориран ПВЦ аголен профил, на кој по должина од обете страни е налепена стаклена мрежа.
|
СЕРТИФИКАТИ