ПЕСОК, ЦЕМЕНТ И УСЈEМАЛ

All right reserved © 2017 Gradezni Tarzan

 

pesok

mesalka

БЕТОНОМЕШАЛКА, ГРАДЕЖНИ КОЛИЧКИ

ПРОСПЕКТ

mesalka

Цемент

cementПЦ 30п 45С, МКС; CEM II/A-M 42.5N. EN 197-1
*) 45S – цемент од А-класа со просечна, рана (на 3 дена) сила на компресија означена со С
Стандард:Вистинскиот валиден стандард е МКС, според EN 197-1, цементот ов овој тип и со сила од оваа класа одговара на CEM II/B-M 42.5N.

Состав: Портланд цемент со додаток на природна или вештачка позолана. Хидрауличен врзувачки материјал кој се добива од клинкер за цемент “портлант”, гипс и најмногу 30% на додатоци.Природниот гипс се користи како регулатор на времето на стврднување. Природна и вештачка позолана кои се користат при производство на цемент се силициумови или силико-алуминиумски материјали кои кога ќе се дробат во присуство на вода реагираат со калциум хидроксидот од што се добиваат производи со хидраулични особини (МКС Б.Ц1.018).

Хидраулично врзивно средство Усјемал

cement
Овој тип на храулично врзивно средство го произведуваме од клинкер, баровник, гипс и посебни додатоци. Нашите клиенти ова хидраулично врзивно средство го користат за различни намени.

Во однос на класичниот начин на ширење при правење малтер, користењето на Усјемал го намалува времето потребно за подготовка на материјалот и количината на употребениот материјал. Нмеа потреба од варовник при подготовката на малтерот.

Малтерот подобро се врзува со основата, поради што нема загуби во материјалот, а времето на нанесување е пократко. Постојат само минимални ризици од пукнатини. поради големата количина на воздух во готовиот малтер (во облик на микроскопски воздушни балончиња кои дејствуваат како мала комора што се шири) не е подлежен на уништување од мраз.