СИПОРЕКС БЛОКОВИ

by tarzan, февруари 11, 2015
All right reserved © 2017 Gradezni Tarzan

ciporex

Ви ги преставуваме сипорекс блоковите од брендот Тракон кој се произведува во фабриката на YTONG – Грција.Сипорекс блоковите во однос на традиционалните блокови имаат многу предности:

  • мала тежина – 2 пати полесен од традиционалната градба,ова се должи на структурата на сипорекс блоковите,каде само 20% од волуменот преставува полна маса,останатите 80% се пори поради кој сипорекс блоковите имаат и големата топлотна изолација
  • топлотна изолација – Познато е дека воздухот во мирување т.е воздухот затворен во мали ќелии е најголем изолатор,а составот на сипорекс блоковите е гас бетон од кој 20% е полна маса останатите 80% се пори кој ги прават сипорекс блоковите 9 пати подобри изолатори од бетонот,3.5 пати подобри изолатори од керамичките цигли и 3 пати подобри изолатори од тулите.
  • звучна изолација – ова својство ги прави сипорекс блоковите идеални за преградни зидови,како за пример преграден зид од дебелина 15цм дава звучна изолација од Rw = 41 dB кој ги задоволува најстрогите критериуми за преградни зидови.
  • парапропусност – околу 5 пати од онаа на обичниот малтер поради која зидот диши и апсорбирајќи го вишокот влага во просторијата и спротивно.
  • цврстина – класи на отпорност Б2.5 и Б5 кои му овозможуваат да биде користен како носив конструктивен материјал за ѕидови.
  • лесна обработка – Сипорекс блоковите можат да се сечат,коваат,лепат и дупчат.На самото лице место блоковите можат да се приспособат со најосновниот алат како што налага ситуацијата.Во самите блокови можат да се длабат канали, да се порабуват и да се прават отвори.

Основните димензии на блоковите се со должина 60 cm и висина 25 cm. Овие димензии се еднакви за сите блокови.Променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 25 cm. За ѕидање на 1m2 секогаш се потребни 6.67 блокови, независно од дебелината. Освем за градба помалите блокови се погодни за ситни зафати како за подзидување на шанкови,кади,постоља и тн.

vidovi_blokovi4

*спецификација и сертификат