термо и хидро изолации

All right reserved © 2017 Gradezni Tarzan

Стиропор ЕПС

Стиропор ЕПС (Експандиран Полистирен) претставува тврда пенеста материја исполнета со возух и е синтетички добиен производ од полистирен. ЕПС има релативно голема механичка цврстина во споредба со малата волуменска маса и тоа го прави исклучително погоден за топлинска и за звучна изолација. Се одликува со мала моќ за апсорпција на вода и со голема отпорност на дифузија на водена пареа. Тоа му дава голема предност пред другите материјали за топлинска изолација и за примена во објекти изложени на влага. ЕПС не гние, отпорен е на микроорганизми, траен е и самоизгаслив доколку се запали.

epsstiropor

ТипДебелина
Стиропор EPS1 cm
Стиропор EPS2 cm
Стиропор EPS3 cm
Стиропор EPS5 cm
Стиропор EPS6 cm
Стиропор EPS8 cm
Стиропор EPS10 cm

Минерална волна

Екстра лесен изолациски филц од минерална стаклена волна, во ролна компримирано во однос 1:5. Наменета за топлинска и звучна изолација за положување во претходно подготвена подлога без оптоварување, (се поставува во коси поткровја и во рамни тавани, и како полнило  во меѓуспратни дрвени конструкции).

mineralnavolna

ТипПакување
Ursa Ролна ELF 10 cm9 м.кв.
Ursa Ролна ELF 5 cm18 м.кв.

 

 

 

 

Камена Волна

Наменета е за топлинска, звучна и противпожарна заштита на поткровја, монтажни и преградни ѕидови, спуштени плафони, подови и други места, каде изолацијата не е изложена на притисок.

kamenavolna

ТипПакување
Knauf Insulation 30kg/m37,2 m2

 

 

 

 

Паропропусна фолија

Паропропусна и водонепропусна фолија “секундарен кров”. Се користи како секундарен покривач за коси кровови, директно на термоизолацијата или врза даските со кои е поплочен кровот. Може да се користи и како облога преку топлотната изолација со “сендвич” фасадни системи каде ја штитат изолацијата од продирање на влага или од влијание на ветер. Се користи како заштита од атмосферски врнежи на незагреани поткровја, каде се поставува распнато веднаш под самиот кров.

paropropusnafolija

ТипПакување
Паропропусна фолија50х1,5m